Руски суд дозволи авиокомпании да дискриминираат

Рускиот врховен суд го поддржа правото на авионските компании да одбијат да ги услужат луѓето со телесен инвалидитет кои не можат сами да се движат доколку немаат соодветна опрема за тоа.Според декретот на министерството за транспорт, авиокомпаниите имаат право да одбијат да ги услужат патниците кои не можат сами да се движат односно користат колички или штаки доколку немаат соодветна опрема или простор каде би ги сместиле помагалата на патниците. Судскиот случај беше отворен од организацијата „јавна контрола и акција“ откако на неколку патници со телесен инвалидитет кои патувале од Москва кон Дизелдорф со германска компанија не им било дозволено да се качат во авионот.
Авионската компанија се правдаше дека не може да ја прими групата патници со инвалидитет затоа што немало место каде да се сместат инвалидските колички, бидејќи според правилата за нив биле издвоени само две места. Да биде иронијата поголема, патниците требало да пристигнат на семинар каде требало да се зборива за германското искуство во создавање на пристпно општетсво за лицата со инвалидитет.