Израелската војска уби шеф на Хамас

Израелската војска соопшти дека е убиен воениот шеф на Хамас во Газа Ахмед Ал Џабари. Во соопштението е наведено дека убиството е само почеток на пошироките операции кои ќе ги таргетираат милитантите во Газа. Џабари загинал при израелски воздушен напад. Тој е еден од најбараните милитанти на листатa на израелската војска.
Една од фракциите на Хамас се закани дека убиството на Џабари за Израел ќе биде „отварање на вратите од пеколот“. Неговото убиство доаѓа по серијата инцидети и зголемено насилство покрај граничната област.