Тодоров:Немаше прекин на работата во јавните здравствени установи

Министерот за здравство Никола Тодоров изјави денеска дека е задоволен и благодарен за самосвеста на докторите кои работат во кампусот клиники „Мајка Тереза“ и не дозволија нивното незадоволство од проектот „плаќање по учинок“ да влијаее врз нивната работа. Тој истакна дека тие доктори не дозволија како што вели да бидат искористени за остварување на политички амбиции на неколкумина од врвот на Синдикатот. Тодоров во Собранието изјави дека немало прекин на работа во јавните здравстевни установи и дека тоа било факт оти докторите си биле посветени на работата. Денеска на штрајк излегоа лекари од клиничкиот центар во Скопје, Битола, Тетово и Штип, како и во другите здравствени организации каде што се ангажирани специјалисти.