Ештон загрижена за блокирањето на Иран на медиумите

Еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон изрази загриженост за постојаното и намерно блокирање на сигналите за сателитско емитување на радиа и телевизии на Блискиот Исток. Во соопштението од нејзиниот кабинет е наведно дека постојаните попречувања на сигналите се следени и доаѓаат од Иран и предизвикуваат попречување на емитување на програма на меѓународни медиуми на иранската територија. Во продолжение е наведено дека блокирањето им направило проблем на над 500 телевизиски канали и 200 радио станици со што им се оневозможува информирање на жителите на Иран.