Меркел во посета на Москва

Германската канцеларка Ангела Меркел в петок во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Непосредно пред заминувањето на Меркел во Москва, гермaнскиот министер за надворешни работ Гвидо Вестервеле изјави дека е потребно да се отпочне „отворен критички дијалог“ со Русија затоа што постои загриженост за односот на властите спрема опозицијата и човековите права. Портпаролот германската влада Штефан Сајберт изјави дека главни теми на разговор покрај тесните економски односи ќе бидат развојот на внатрешната политика на Кремљ, претседавањето на Русија со Г20 vo 2013 година и конфликтот во Сирија.