Најмалку 14 загинати во бомбашки напади во Ирак

Киркук 14.11.12

Во неколку напади со автомобили бомби во ирачката провинција Киркук, како и во Хила и Багдад денеска загинале најмалку 14 луѓе.
Градот и провинцијата Киркук се дом на арапи, курди и туркмени и сите се борат за поголема контрола врз овој богат со нафта регион.