Генерал на САД деградиран поради злоупотреба на службени пари

Поранешниот шеф на командата на САД за Африка е деградиран поради обвинението дека потрошил стотици илјади долари не авторизирани трошоци.
На Генералот со 4 звезди Вилијам Вард му е наредено да врати 82 илјади долари и му е симната една звезда што значи дека ке се пензионира како генерал – полковник со три звезди.
Според извештајот на Генералниот Иснпекторат на министерството за одбрана, Вард користел воени возила за да ја носи сопругата на шопинг и во бања. Тој, исто така, наплатил од војската, сместување во хотел на Бермуди за 750 долари, каде што запреле со сопругата на пропатување. Неговиот портпарол изјави дека иако генералот не е перфектен, никогаш не бил мотивиран од лична придобивка.