Неофашистичката „Златна зора“ како „гранична полиција“ на границата со Македонија

Членови на неофашистичката партија „Златна зора“ деновиве патролирале на грчко-македонската граница и ги проверувале македонските автомобили дали имаат „соодветна ознака“ за земјата од која доаѓаат, јавија некои грчки медиуми.
Грчките медиуми, меѓу кои „Скај“, „Прото тема“ и „Њузнау“, јавуваат дека „според некои новинарски извештаи“ членовите на „Златна зора“ стоеле со грчките цариници и гранични полицајци и проверувале дали автомобилите од Македонија имаат залепено „специјална ознака ПЈРМ“ која мора да ја носат кога влегуваат на грчка територија. Не е прецизирано за кој граничен премин се работи.
Главниот обвинител на Солун побарал од обвинителот на Кукуш да спроведе прелиминарна истрага за наводите и да утврди дали постојат основи за кривична одговорност.