Обама разговарал со Путин и со Карзаи

Архивска фотографија: Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Барак Обама.

Американскиот претседателот Барак Обама вчера разговарал за неговиот реизбор со неколку странски лидери, меѓу кои со рускиот претседател Владимир Путин и со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни вели дека Обама продолжува да добива честитки од светските лидери кои изразуваат желби за пријателство и продолжување на соработката. Кремљ соопштува дека Путин ја повторил поканата до Обама да ја посети Русија. Во соопштението од кабинетот на авганистанскиот претседател, пак, се наведува дека Карзаи ја прифатил поканата за посета на САД. Белата куќа соопшти дека Обама, исто така, разговарал со лидерите на Италија, Јордан, Катар и на Шпанија.