Се бара смртна казна за американски војник што убивал авганистански цивили

Гробовите на дел од 16 авганистански цивили убиени од американскиот војник Роберт Грејвс.

Американските воени обвинители изјавија дека американскиот војник обвинет за убиство на 16 авганистански селани, од кои девет деца, треба да биде изведен пред воен суд и да добие смртна казна. Во завршните зборови на прелиминарното сослушување, обвинителите рекоа дека наредникот Роберт Бејлс извршил „грозоморни и одвратни дела“.

Адвокатот на 39-годишниот Бејлс тврди дека нема доволно информации за случајот за да се оди на воен суд.

Обвинителите велат дека Бејлс ја напуштил базата во кампот Балембај во јужен Авганистан и нападнал две села. Авганистанските сведоци кои сведочеа од Кандахар преку видео врска рекоа дека еден американски војник упаѓал во домовите и убивал цивили.