Иран нуди помош во разрешување на кризата во Сирија

Иран планира да се вклучи во разрешување на конфликтот во Сирија. Иранската новинска агенција ИРНА цитирајќи ирански функционер јавува дека претставници на сириската влада, заедно со претставници на опозициските партии и малцинства ќе разговарале во Техеран неделава како дел од „национален дијалог“. Нема индиции дека новоформираната обединета сириска опозиција ќе присуствува на овие разговори во Техеран. Нивниот став е дека не може да се оддржат преговори се додека владата на чело со Башар ал Асад не се симне од власт. Вооружените бнунтовници, исто така ја отфрлија помошта на Иран во изнаоѓањето на решение за кризата. Раководството на Иран се смета дека е блиско со Асад и ги обвинува западните и арапските земји дека ги снабдуваат бунтовниците со оружје.