Иран тестираше противракетен систем

Иранскиот антиракетен систем „Мерсад“

Иран соопшти дека при воена вежба во источниот дел на земјата успешно извршиле тестирање на противракетен систем направен по пример на американскиот систем„ Халк“. Иранскиот воен генерал Фарзад Есмаили изјави дека оваа воена вежба претставува „ предупредување “ за сите земји кои му се закануваат на Иран. Иранските медиуми објавија видео снимка на која се гледа како е испукана ракета која цели кон макета авион. Иранскиот антиракетен систем се вика Мерсад што во превод значи заседа и има дострел од 45 километри.