Арифи на средба со емирот на Катар

Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи при нејзината посета на Катар се сретна со емирот на Катар, шеик Хамид Бин Калифа Ал Тани. Секретаријатот соопшти дека при средбата тие разговарале за зајакнување на билатералната соработка во сферата на образованието, економијата и културата. Во продолжение на соопштението е наведено дека Катар ќе поддржи неколку проекти во Македонија.