Клинтон во посета на Австралија

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон пристигна во Австралија на разговори за продлабочување на воените врски меѓу двете земји.
Американскиот секретар за одбрана Леон Панета исто така ќе учествува во средбите со министерот за одбрана Стивен Смит и министерот за надворешни работи Боб Кар.
Американскиот претседател Барак Обама пред една година ја посети Австралија за да соопшти дека 2500 маринци ќе земат учество во заедничките тренинзи во градот Дарвин.