Џинтао ќе се откаже од лидерското место во Партијата

Новото кинеско раководство ќе биде соопштено во четврток по завршувањето на 18-тиот конгрес на Комунистичката партија на Кина. Претставници на партијата денеска анонимно за новинската агенција Франс прес изјавија дека лидер на партијата ќе биде Си Џинпинг кој на тоа место ќе го замени досегашниот Ху Џинтао кој веќе 10 години ја извршуваше таа функција. На конгресот кој започна на 8 ноември, присутвуваат над 2 илјади делегати, и претставува клучен настан за политичкиот живот во Кина.