СДСМ со предлог закон за стечајците

Пратеничката група на СДСМ денеска во Собранието достави предлог закон за материјално обезбедување на лицата кои останале без работа поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост. Со законот се бара сите стечајни работници кои имаат најмалку 15 години на осигурување и 50 години старост за жени и 53 години за мажи да примаат месечен надоместок во висина од 30 проценти од просечно исплатената нето плата по работник во претходната година, односно околу 100 евра. Од партијата бараат Владата да ги пренамени парите од реклами за решавање на проблемот на стечајците.