Расмусен загрижен за Грузија

Средба на Расмусен со претседателот на Грузија Михаил Саакашвили

Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен денеска изјави дека е екстремно загрижен за развојот на случувањата во Грузија по минатомесечните избори. Тој изјави дека е загрижен поради неодамнешните апсења на политички опоненти во Грузија. Во петокот грузискиот суд ги пушти со кауција од притвор поранешниот воен шеф Гиогри Каландадзе и воениот командант Зураб Шаматав, додека поранешниот министер Бачо Акхалаиа остана во протвор. Тројцата беа уапсени поради обвинувања за злоупотреба на службена должност. Расмусен истакна дека е важно судските процеси да се одвиваат без политичка инволвираност.