Ескалација на насилство во Појасот Газа

Израелската војска соопшти дека милитантите од Појасот Газа лансирале 10 ракети кон јужниот дел на Израел. Претходно денеска при израелски воздушен напад загинаа тројца милитанти во Газа. Според податоците на војската 110 ракети биле испукани кон Израел во изминативе три дена, загинале најмалку 6 Палестинци од кои 4 цивили при ескалација на насилството. Најмалку 8 Израелци се ранети при вооружени пресметки во близина на граничните премини.Тензиите меѓу двете страни се засилуваат во пресрет на изборите во Израел кои треба да се оддржат на 22 јануари. Вицепремиерот Моше Јаалон изјави дека Израел треба да го засилат својот одговор се додека не Хамас не рече дека е доволно и да прогласи прекин на огнот.