Германија: зголемен број барања за азил од Македонија

Бројот на граѓаните од Македонија кои во текот на минатиот месец побарале политички азил во Германија изнесувал 1350 што е за 310 повеќе од барањата во септември. Ова се наведува во најновите податоци на германското министерство за внатрешни работи во кои се наведува дека најголем број барања во октомври имало од Србија, односно 2670, или за скоро половина повеќе од претходниот месец. Германските власти во октомври одобриле околу 500 барања за азил, но ниту едно од нив не било од земјите на Западен Балкан.