Сириската опозиција се обедини

Сириската опозиција постигна договор за обединување против режимот на Башар ал Асад. Веста беше објавена по неколкудневните разговори во Катар кои завршија викендов. За лидер на новата коалиција беше избран Муаз ал Катиб, поранешен имам во познатата Умајад Џамија во Дамаск. Формирањето на опозицикста коалиција се случи по силниот меѓународен притисок.