СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за Коневски

Опозициската СДСМ денеска соопшти дека изјавата на градоначалникот Ивица Коневски во интервју за РСЕ дека нема да се канидира за градоначалник на Скопје значи само страв од соочување со нивниот канидидат за Скопје Јани Макрадули. На таквата реакција ВМРО ДПМНЕ одговори дека Макрадули станал кандидат зашто немало никој друг од СДСМ што ќе се нафател на кандидатура. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ манипулира зашто знае дека Макрадули ќе биде поразен на изборите затоа што делата на градоначниците на ВМРО-ДПМНЕ се изградени булевари, паркови, канализации, нов градски превоз, игралишта додека на Макрадули за Скопје се Мал ринг, овозможување на дивоградби како Тифани и Лумикс.