Убиен војник на НАТО во Авганистан

НАТО соопшти денеска дека војник во авганистанска униформа уби припадник на ИСАФ мисијата во северниот дел на Авганистан. Портпаролот на ИСАФ мисијата Хаген Месер изјави дека се уште не е потврдена информацијата дали убиецот бил припадник на војската или само ја носел униформата кога го извршил убиството. По убиството при вооружена пресметка напаѓачот бил ранет и приведен. Во изминатава година при инсајдерски напади 57 припадници на ИСАФ мисијата загинаа.