Израел со предупредувачки истрели кон Сирија

Израел соопшти дека испукал предупредувачка ракета кон Сирија откако заскитан пректил од минофрлач завршил на изралеска териорија. Во изминатиов период расте загриженоста во регионот дека конфликтот во Сирија наскоро ќе се прелее надвор од границите. Претходно сириска опозициска група соопшти дека владин авион извршил напад врз југоисточниот дел на Сирија, Ал Букамал во близина на ирачката граница. Организацијата за заштита на човекови права со седиште во Лондон соопшти дека владини хеликоптери и авиони извршиле напади врз бунтовнички засолништа во Дамаск, Алепо и градот Рас ал Аин кој се наоѓа во близина на границата со Турција.