Жестоки битки во Сирија

Сириска опозициска група соопшти дека владин авион извршил напад врз југоисточниот дел на Сирија, Ал Букамал во близина на ирачката граница. Организацијата за заштита на човекови права со седиште во Лондон соопшти дека владини хеликоптери и авиони извршиле напади врз бунтовнички засолништа во Дамаск, Алепо и градот Рас ал Аин кој се наоѓа во близина на границата со Турција. Претходно вчера во Сирија загинаа над 120 луѓе при последните вооружени пресметки.