Буџетот за 2013-та стигна во грчкото собрание

Грчките парламентарци денеска ќе гласаат за предлог-буџетот на земјата за 2013 година кој го предложи коалициската Влада на Андонис Самарас. Освен што е буџет на рестрикции, тој предвидува пораст на државниот долг за следната година до 189 проценти од БДП, а за 2014 година до 192 отсто, јавува македонската новинска агенција МИА. Намалена е и прогнозата за економскиот раст. На утрешната средба на Еврогрупата треба да биде донесена одлука дали на Атина ќе и биде доделана следната транша од помошта во висина од 31,5 милијарди долари со кои земјата ќе избегне банкрот.