Силен земјотрес во Бурма

Силен земјотрес со интезитет од 6,8 степени по Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Бурма. Најмалку 13 луѓе загинале при колапс на манастир. Многу жители во околниот дел ги напуштија домовите стравувајќи од можни нови потреси. Епицентарот на земјотресот е на 117 километри оддалченост од вториот по големина град Мандалеј. Земјотресот бил почуствуван и во Банкок, главниот град на Тајланд. Ова се случува на само една недела пред закажаната посета на градот на американскиот претседател Барак Обама, прва посета на американски претседател на Бурма по неколку децении.