Неуспешни преговорите за буџетот на ЕУ за 2013

Преговорите за буџетот на Европската Унија за 2013 година пропаднаа поради спорот меѓу земјите членки и Европската комисија околу дефицитот. Камен на сопнување беше буџетот од 8,9 милијарди евра за 2012 година кој ЕК побара од земјите членки да го покријат. Неколку држави, кои во своите земји спроведуваат мерки за штедење го доведоа во прашање овој износ. Најверојатно до вторник, комисијата ќе поднесе нов предлог.