Ѓукановиќ најверојатно премиер на Црна Гора

Мило Ѓукановиќ

Мило Ѓукановиќ најверојатно ќе се врати на функцијата премиер на Црна Гора. Претседателот Филип Вујановиќ денеска во Подгорица изјави дека побарал од лидерот на Демократската партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ да формира нова влада. Коалицијата предводена од оваа партија победи на парламентарните избори одржани на 14 минатиот месец. Доколку предлогот биде поддржан од пратениците, тоа ќе биде шестти пат за Ѓукановиќ да ја извршува премиерската функција во изминативе 21 година. Тој од 1998 до 2002 година беше и шеф на државата.