Пораст на бројот на бегалци од Сирија

Во текот на изминатите 24 часа од Сирија побегнале над 11 илјади луѓе, соопшти агенцијата на Обединетите нации за бегалци, оценувајќи дека станува збор за необично голем пораст на бегалци. Најмногу од нив, 9 илјади, пребегале во Турција. Новинската агенција Анадолија претходно објави дека група сиријски војници, меѓу нив и двајца генерали, денеска побарале засолниште во Турција.