Асад: во Сирија нема граѓанска војна

Сиријскиот претседател Башар ал Асад

Сиријскиот претседател Башар ал Асад изјави дека одлуката за неговата иднина може да биде донесена само на избори и предупреди од долготраен судир со бунтовниците во земјата. Во интервју за руската телевизија РТ, снимено во Дамаск, тој оцени дека во Сирија не е во тек граѓанска војна, туку станува збор за тероризам и за, како што рече, поддршка на терористите од странство со цел дестабилизицаија на земјата. „Да ја имавме поддршката од странство, ние судирот ќе го завршевме за неколку недели“ изјави тој.