Слика од Пикасо продадена за над 41 милион долари

На аукцијата во Сотби во Њујорк портретот на љубовницата на Пабло Пикасо насликан во 1932 година беше продаден за 41 ипол милиони долари. Втората слика на Пикасо која беше на аукција, односно портретот на неговата главна муза Мари Терез Волтер е продадена за над 17 милиони долари. Сепак, скоро една третина од 67 уметнички дела кои ги понуди Сотби не успеаја да најдат купувачи.