Блокиран јавниот транспорт во Атина

Атина денеска повторно ќе остане без метро и трамвај, јавија грчките медиуми. Службеници во јавниот транспорт објавија нов 24-часовен штрајк.
Денеска петти ден по ред градскиот транспорт во престолнината ќе биде блокиран во знак на протест против усвоените нови мерки за штедење во износ од 13,5 милијарди евра.
Пред зградата на Парламентот вчера се собраа над сто илјади лица за голем протестен митинг, организиран од двата најголеми синдикати во земјата. Од изутрина е обновен такси сообраќајот, кој одлучи да го прекине штрајкот.
Во меѓувреме продолжува и штрајкот на службениците во локалната самоуправа продолжува. Се очекува тој да предизвика проблеми со отпадокот.