Иран забрани увоз на „луксузни стоки“ од Запад

Иранските државни медиуми јавуваат дека Техеран ќе забрани увоз на повеќе од 2 илјади прозводи кои се сметаат за „луксузни стоки“ со цел справување со недостаток на девизи поради странските економски санкции. Со забраната Техеран планира да заштеди 4 милијарди долари годишно. Една листа од 75 забранети производи е објавена и на неа се наведени произвиди од чаосвници, телефони, специфични вкусови на кафе и слично кои нема да може повеќе да се купуваат од странство. Забраната доаѓа откако Иран се соочува со економски санкции од западните земји поради контроверзната нуклеарна програма.