Милион невработени луѓе во Грција

Протести во Грција

Невработеноста во Грција стигна до рекордна висока стапка од 25.4 проценти. Грчкиот завод за сатистика соопшти дека над 1,2 милиони луѓе од 10 милионското население се без работа. Во продолжение е наведено дека половина од младите на возраст од 15 до 25 години се невработени. Грција е тешко погодена од должничката криза која ја држи земјата седум години во рецесија. Во средата Собранието го изгласа последниот пакет мерки за кратење на буџетските трошоци, мерки што ги побара меѓународната кредиторска „тројка“ во замена за следната транша од заемот. Владата предупреди дека доколку не ја добие следната транша од меѓународниот заем може да банкротира до крајот на следната недела.
Германскиот министер за финасии соопшти дека е тешко веројатно дека следната транша ќе биде достапна за Атина до крајот на следната недела.
Вчера десетици илјади Грци излеагоа на протести против мерките за штедење.