Асад со предупредување до светот

Сирискиот претседател Башар ал Асад во интервју објавено интернет страницата „Русија денес“ изјави дека се сомнева оти западните земји ќе преземат воена акција врз Сирија. Тој предупреди дека последиците од една таква акција ќе бидат поголеми отколку што целиот свет може да поднесе. Асад додаде дека тој мора да живее и умре во Сирија.
Во меѓувреме дел од опозициската група започна да се реорганизира на состанок во Катар. Тие изгласаа генерален секретаријат кој брои 40 членови од кои една третина се состои од исламисти при што се вклучени најмалку 5 членови на Муслиманското братство. Секретаријатот е формиран под американски притисок со цел да се формира пошироко тело кое ги опшфаќа сите опозициски групи.