Пратеникот Села се закани од собраниска говорница

Пратеникот на ДПА Зиладин Села денеска се закани од собранска говорница со палење на Собранието, откако беше изгласан предлогот на ВМРО ДПМНЕ во собраниската комисија за труд и социјална политика за ограничување на процедуралните забелешки на три минути. Тој ги обвини пратениците на ДУИ дека не знаат како да ги штитат правата на Албанците и од говорницата изјави дека кога ќе стигнат до последниот амандман ќе им покажат како се бликира закон со палење на микрофоните на говорницата и палење на Парламентот.
По таквиот инцидент седницата била прекината.
Претходно пратениците го изгласаа предлогот за ограничување на времетраењето на процедуралните забелешки.
Пратениците од албанскиот блок сметаа дека со ограничување на дискусиите и процедуралните забелешки им се ограничува правото на изразување во Парламентот.