Меркел ќе се сретне со Камерон

Германскиот канцелар Ангела Меркел пристигна во Лондон каде ќе се сретне со британскиот премиер Дејвид Камерон на разговори за седумгодишниот буџет на Европската унија. Камерон се закани со вето за предложениот буџет од 2014 до 2020 година, поради тоа што се предвидени зголемени расходи. Британскиот премиер бара намалување на буџетските трошоци или нивно замрзнување на сегашно ниво.