Сервер: Нема простор за решавање на спорот за името

Американскиот аналитичар од институтот за мир во Вашингтон, Даниел Сервер денеска изјави дека независно од исходот на претседателските избори во САД, не може да се очекува тоа да влијае да се забрза решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Тој по објавувањето на резултатите од претседателските избори изјави дека не гледа простор за решавање на спорот за името и дека се надева оти ќе ја види Македонија како членка на НАТО дури и под името Поранешната Југословенска Република Македонија.