Турција со барање до НАТО

Турција ќе испрати официјално барање до НАТО за распоредување на ракети „Патриот“ по 910-километарската граница со Сирија.Ова денеска го изјави висок функционер од турското Министерство за надворешни работи за новинската агенција Ројтерс. Според истиот извор, постои „потенцијална опасност од проектили по Турција од Сирија и Турција има право да преземе чекори да се спротивстави на ваквата закана“.
Портпаролката од седиштето на НАТО во Брисел изјави дека барањето е пристигнато и дека како и сите други барања ќе биде разгледано од Алијансата.