Драва се повлекува, 100-тина куќи поплавени

Реката Драва се повлече во своето корито во северниот дел на Хрватска, оставајќи зад себе големи штети, јавуваат хрвастките медиуми. Долж реката поплавени се стотина куќи, а пожарникарите во изминатиов ден извршиле стотина интервенции за спасување на луѓе кои навремено не се евакуирале. Жителите на селата покрај реката два дена се без електрична енергија и храна. Хрватските власти се уште не направила проценка на штетата.