Помал економски раст во еврозоната

Европската Комисија ги намали очекувањата за еконмскиот раст за 2013 година за еврозоната поради должничката криза. Таа соопшти денеска дека се очекува економскиот раст за догодина да изнесува 0,1 процент. Пред 6 месеци очекувањата изнесуваа 1 процент. Намалени се очекувањата за економски раст за сите земји членки на еврозоната. Во соопштението е наведено дека Грција ќе има посилен економски раст од оној на кој се надева Атина и дека земјата со меѓународната помош ќе искочи од седумгодишната рецесија во 2014 година.