Русија ќе финансира нуклеарка во Виетнам

Рускиот премиер Димитри Медведев соопшти дека Русија ќе му позајми на Виетнам 10 милијарди долари за изградба на првата нуклерана централа во земјата. Медведев ова го најави при неговата посета на земјата каде што со владини претставници разговараа за подобрување на односите. Тој изјави дека двете земји донеле одлука да започнат преговори за слободна трговија. Медведев додаде дека сегашната размена изнесува 2 милијарди долари и дека до 2015 година очекува да достигне до 7 милијарди долари.