Самоубиствен напад во Пакистан, 5-мина загинати

Пешавар, 07.11.2012

Најмалку тројца полицајци и двајца цивили загинале, а 27-мина биле повредени во напад на бомбаш самоубиец во Пешавар. Во телефонски повик до дописништвото на Радио Слободна Европа во Пакистан, одговорноста за нападот ја превзеле пакистанските талибанци.