САД избори: пораст на акциите и на цената на нафтата

Американските акции и цената на нафтата пораснаа на денот на претседателските и изборите за членови на Конгресот.
На берзата во Њујорк еден барел светла сурова нафта за декемвриската испорака ќе биде поскап за повеќе од 3 долари и ќе чини 88,7 долари. На тргувањето во Лондон, пак, еден барел на нафтата Brent North Sea ќе чини 111 долари.
На американската берза вредноста на индексот Dow Jones порасна за 133 поени, а и S&P 500 и NASDAQ забележаа пораст.