Во Лондон средба Камерон- Меркел

Денеска во Лондон британскиот премиер Дејвид Камерон ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Се очекува главна тема на разговорите да биде финансиската криза во Европската Унија.
Претходно Меркел ќе престојува во Брисел, каде што ќе има средби со шефовите на политичките групи во Европскиот парламент.