Времето од денеска постудено, со дожд и снег на планините

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините во западните подрачја со повремен снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина од околу 60 километри на час.
Температурата ќе се движи од четири до 14 степени.