Драва се излеа, Хрватска под вода

Поради излевање на реката Драва по водениот бран што ја зафати Хрватска кој надојде од Словенија, се евакуираат околу 300 жители кои што живеат во областа Вараждин. Околу 150 куќи се поплавени. Хрватските медиуми јавуваат дека до извесни делови на населбите може да се пристигне само со чамци. Во регионот на Вараждин прогласена е вонредна состојба за одбрана од поплавата, а во Горица граѓаните прават насипи за да се одбранат од надојдените води.
Одлуката за евакуација е донесена откако во едно село е пробиен насипот кој бил со должина од 30 метри.