Лавров ја обвини сириската опозиција за пролонгирање на конфликтот

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретна во Аман со еден од опозициските лидери, поранешниот сириски премиер Риад Хиџаб.
По состанокот Лавров ја обвини опозицијата дека го пролонгира крвопролевањето во Сирија со барањето за симнување на Башар ал Асад од власт наместо преговори за ставање крај на конфликтот. Хиџаб изјави дека симнувањето на Асад е единсвениот излез од кризата. Претходно пред средбата Лавров изјави дека сака од прва рака да ја добие информацијата за тоа какви решенија очекува сириската опозиција од 20 месечниот конфликт.