ЕУ бара решавање на изборниот проблем во Украина

Вчерашните протести во Киев на опозициските симпатизери

Еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон побара од Украина да ги проследи жалбите на опозицијата кои се однесуваат за изборните резултати од парламентраните избори кои се одржаа на 28 октомври. Портпаролката на Ештон, Маја Косијанчич изјави дека ЕУ ги охрабрува украинската влада и опозиција да
„го адресираат проблемот“. Украинската опозиција бара делумно пробројување на гласачките ливчиња во 13 изборни единици. Изборната комисија предложи да се повтори гласањето во пет области. Обединетата опозиција го одби предлогот тврдејќи дека бара пребројување а не повторно гласање. Вчера околу 2 илјади опозициски симпатизери излегоа на протести пред зградата на државната изборна комисија против, како што велат, изборниот фалсификат.