Избирачките места во источниот дел на САД отворени

Избирачките места во голем дел од источниот брег на САД се отворени и започна гласањето за избор на нов претседател. Изборите се одвиваат во Њу Хемпшир Вирџинија, Њујорк, Њу Џерси, Индијана, Вермонт и Конетикат.
Граѓаните ќе одлучуваат дали на претседателската функција ќе застане досегашниот претседател Барак Обама или неговиот против кандидат Мит Ромни.
Анкетите покажуваат дека Обама има тесна предност во однос на Ромни во поголемиот дел од т.н. „неопределените држави“. Во неопределените држави влегуваат Флорида, Охајо, Вирџинија, Колорадо, Невада, Ајова и Њу Хемпшир